Руски функционер: Растат ризиците од конфликт на Балтикот, ги следиме промените во Финска

Сподели со своите пријатели

Рускиот заменик-министер за надворешни работи гледа се поголеми ризици од конфликт меѓу Русија и НАТО, пренесува во четвртокот руската агенција ТАСС.

Loading...

Москва смета дека е премногу рано да се разговара за можната закана од распоредување нуклеарно оружје во Финска, но внимателно ги следи официјалните коментари и безбедносната ситуација, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Груско во интервју за „Известија“.

Понатаму, дипломатот изјави дека финските вооружени сили активно се надградуваат, а ризиците од судир меѓу руските и силите на НАТО се зголемуваат.

„За жал, опасностите растат. Сите го разбираат тоа. Ако го погледнеме развојот на безбедносната ситуација во балтичкиот регион во последните години, ова е само многу добар пример како најмирниот регион во политичка и воена смисла се трансформираше во зона на воено ривалство“, рече Грушко обвинувајќи ја за ова НАТО алијансата.

„Откако балтичките земји беа прифатени во алијансата, НАТО почна многу доследно, чекор по чекор, да го трансформира овој најмирен регион во зона на зголемена воена активност“, додаде тој.

Грушко, исто така, рече дека Русија веќе донела одредени одлуки во врска со воспоставувањето на својата одбранбена инфраструктура долж границата со Финска.

„Внимателно ќе ги следиме сите промени во конфигурацијата на вооружените сили со седиште во Финска“, рече тој.