Руски бомбардер СУ-34 се урна во Кавказ, екипажот загина

Сподели со своите пријатели

Руски бомбардер СУ-34 се урна во планините Кавказ за време на рутински тренинг лет, најверојатно поради технички дефект, при што загина екипажот, објавија во вторник руските новински агенции.

Loading...

„Во Северна Осетија-Аланија, во планинска област, авион СУ-34 на руските сили се урна за време на планираниот тренинг лет“, соопшти руската државна новинска агенција РИА, повикувајќи се на Министерството за одбрана, пренесува ХИНА.

„Авионот се урнал во напуштена област. Нема штета на земјата. Екипажот загинал“, се додава.

Засега не е познато колку луѓе имало во авионот.

Сухој СУ-34 е руски суперсоничен ловец-бомбардер со среден дострел од советско потекло.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  РУСИЈА: Осомничениот за експлозија на автомобилот признал дека соработувал со украинските служби