Русија: Украинска ракета С-200 соборена над Крим

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинските сили синоќа се обиделе да го нападнат Крим со ракета С-200 која била соборена од рускиот систем за противвоздушна одбрана.

Loading...

„Ноќта на 19 август, режимот на Киев се обиде да изврши терористички напад со противвоздушна ракета на системот за воздушна одбрана С-200 модифицирана за да може да се користи за напад на територијата на Крим“, соопшти руското Министерство.

Во соопштението се наведува дека украинската ракета е „откриена и соборена навреме“ и дека нема жртви или штети, пренесува ТАСС.

Руското Министерство за одбрана потсети дека на 12 август Украина двапати се обидела за сличен напад.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.