Приведен мотоциклист во Степанце, возел без дозвола

Сподели со своите пријатели

Триест и седумгодишник од Степанде бил приведен вчера откако полицијата констатирала дека возел мотор без да поседува дозвола.

– На 04.10.2026 во 18:50 часот во с.Степанце, Општина Старо Нагоричане, полициски службеници го лишија од слобода С.С.(37) од село Степанце, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај, полициски службеници сопреле мотоцикл со охридски регистарски ознаки, кое тој го управувал и по извршени проверки било констатирано дека не поседува возачка дозвола.

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пациент физички нападнал медицински техничар во кумановската болница

Никола Ивановски