Дваесет и петогидшник бил приведен под сомнение дека предизвикал пожар во селото Враготурце, а полицијата констатирала и дека бил пијан.
– На 04.10.2026 во 22:20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишија од слобода Ф.М.(25) од с.Враготурце, Општина Старо Нагоричане, постапувајќи по претходна пријава дека во селото предизвикал пожар, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој е приведен во полициска станица и по извршени проверки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,36 промили алкохол во крвта.
– По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.
Никола Ивановски

