СВР Куманово со превентивна акција: „Ако возиш, немој да пиеш“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи Куманово, преку Отсекот за превенција, во соработка со Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај и Општинскиот совет за превенција, спроведе превентивна сообраќајна активност под мотото „Ако возиш, немој да пиеш“.

 

 

Акцијата е насочена кон подигнување на свеста кај возачите за опасностите од управување моторно возило под дејство на алкохол, но и кон почитувањето на сообраќајните правила, особено ограничувањата на брзината.

Во рамки на активноста беа опфатени и возачите почетници, како и сите учесници во сообраќајот кои со непочитување на правилата и неодговорно управување со возилата можат да ја загрозат сопствената и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тројца повредени откако „пежо“ се преврте на патот Куманово – Липково

 

 

За потребите на акцијата беа користени таканаречени „пијани очила“, преку кои на учесниците им беше демонстрирано како изгледа состојбата на лице под дејство на алкохол.

Очилата симулираат замаглен вид, намалена концентрација и неможност за правилна проценка на растојанието, состојби кои можат сериозно да влијаат врз способноста за безбедно управување со возило.

 

 

Началничката на Отсекот за превенција, м-р Лиле Младеновска, упати апел до сите возачи строго да ги почитуваат законските обврски и да не управуваат моторно возило доколку консумирале алкохол.

– Апел до сите возачи, за најстрого придржување на законските  обврски, да не користат алкохол и возат, да внимаваат со безобѕирно управување на возило односно брзина над дозволена според сообраќајни знаци, возачи почетници да не управуваат моторно возило без придружба од 23 до 05 часот, во спротивно секој ќе сноси одговорност по Кривичен закон и Закон за безбедност на сообраќај на патишта, и толеранција нема да има за вакви возачи кои се причина за сообраќајни незгоди со тешки последици и смрт, вели Младеновска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вечерва се затвора 29. издание на МТФ „Денови на комедија“

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски