Три лица се повредени, од кои две потешко, откако возило „пежо“ вчера се излетало од патот Куманово – Липково и се превртело.
– На 04.10.2026 околу 15:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Липково, во атар на с.Никуштак, Општина Липково, патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 33-годишната В.А. од с.Никуштак, излетало од коловозот и се превртело, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле нејзините две малолетни сопатнички, додека со телесни повреди В.А., констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.
Никола Ивановски

