Русија не исклучува можност за нова средба со ЦИА

Сподели со своите пријатели

Кремљ во вторникот соопшти дека новата средба меѓу шефот на руското разузнавање Сергеј Наришкин и директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Барнс би можела да биде корисна, без да даде индикации кога тоа би можело да се случи.

Loading...

На нивниот состанок во Анкара во ноември минатата година, Барнс, според американските претставници, ја предупредил Русија за последиците од употребата на нуклеарно оружје и го покренал прашањето за американските затвореници.

Наришкин за агенцијата ТАСС изјави дека е „можен“ нов состанок.

Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изјави дека средбата „не може да се исклучи“ и дека „таков тип на дијалог има смисла“, додавајќи дека не знае ништо за датумите.

Брнс, кој зборува руски, беше испратен во Москва кон крајот на 2021 година за да го предупреди Владимир Путин за трупањето трупи околу Украина.

Во 2019 година, Барнс напиша мемоари со наслов Неформални канали.

Руската инвазија на Украина ја предизвика најтешката криза во односите меѓу Москва и Западот од Студената војна. Дијалогот со САД е замрзнат.

По новогодишната порака Путин испрати сигнал дека нема намера да се повлече и испрати суперсонични ракети кон Атлантикот и назначи нов генерал да ја води војната.

Loading...

Наришкин, шеф на руската надворешна разузнавачка служба (СВР), во едно од неговите ретки настапи рече дека Русија и Кина соработуваат сеопфатно и дека Москва развива разузнавачко партнерство и со Иран.

Главниот разузнавач на Путин потврди и дека во неколку наврати разговарал со шефовите на разузнавачките агенции на неколку европски земји во врска со ситуацијата во Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.