Русија лансираше ирански сателит (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Руска ракета со ирански сателит утрово беше успешно лансирана во орбитата.

Loading...

Сателитот „Кајам“ е лансиран во 5 часот и 52 минути со руска ракета Сојуз од космодромот Бајконур, седиштето на руските вселенски лансирања лоцирано во јужен Казахстан, пишува Скај њуз.

Техеран ги отфрли тврдењата дека Москва може да го користи сателитот за собирање разузнавачки информации од Украина, велејќи дека Иран ќе има целосна контрола врз операциите на сателитот.

САД се загрижени за соработката меѓу Русија и Иран

„Вашингтон пост“ минатата недела објави дека американските власти се загрижени за соработката во врска со вселенската програма меѓу Русија и Иран, стравувајќи дека сателитот не само што ќе и помогне на Русија да ја надгледува Украина, туку и ќе му дозволи на Иран да ги надгледува потенцијалните воени цели во Израел.

Иран вели дека сателитот е дизајниран за научни истражувања, вклучително и мерење на радиоактивност и мониторинг на животната средина за земјоделски цели.

Рускиот претседател Владимир Путин го посети Иран во јули.

Тоа беше негова прва странска посета надвор од поранешниот СССР од почетокот на воената офанзива во Украина.

На средбата со врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи му рекол на Путин дека Техеран и Москва мора да останат будни за да не паднат на „измамата на Западот“.

Loading...

Иран инсистира дека неговата вселенска програма има само цивилни и одбранбени цели

Иран успешно го лансираше својот прв воен сателит во орбитата во април 2020 година, по што следеше лансирањето на воениот сателит за извидување Нур-2 во март 2022 година.

Минатата година Москва го демантираше извештајот на американските медиуми дека Русија има намера да му снабди на Иран напреден сателитски систем кој во голема мера ќе ги подобри неговите шпионски способности.

Западните влади се загрижени дека системите за лансирање на сателити вклучуваат технологии кои се заменливи со оние што се користат во балистички ракети способни да испорачаат нуклеарна боева глава.

Иран инсистира дека неговата вселенска програма има само цивилни и одбранбени цели.