Русија ја обвини Украина во СБ дека планира да употреби валкана бомба

Сподели со своите пријатели

Русија пред Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) го претстави обвинението дека Украина се подготвува да употреби „валкана бомба“, експлозивна направа која содржи радиоактивен материјал.

Loading...

Состанокот во Советот за безбедност се одржа во вторникот доцна навечер, зад затворени врати.

„Ние сме прилично задоволни бидејќи ја подигнавме свеста. Не ми пречи луѓето да кажат дека Русија алармира ако тоа не се случи бидејќи ова е ужасна, страшна катастрофа што потенцијално и се заканува на целата Земја“, рече заменик рускиот амбасадор во ОН Дмитриј Полјански.

Заменик британскиот амбасадор во ОН, Џејмс Кариуки, сепак, им рече на новинарите дека не се презентирани докази за тврдењето на Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Подољак: Залужни за неколку недели би можел да стане амбасадор во Лондон

„Не видовме ниту слушнавме нови докази. Ова е чиста руска дезинформација што сме ја виделе многу пати досега и треба да престане“, додаде Кариуки.

Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН (МААЕ) се подготвува да испрати истражители во наредните денови на две локации во Украина на барање на Киев, како што изгледа како одговор на руските тврдења за „валкана бомба“.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу во неделата телефонски разговараше со министрите за одбрана на Турција, Франција, Велика Британија и САД.

Шојгу им ја пренел својата загриженост „за можната провокација на Украина“ и „можната украинска употреба на „валкана“ бомба на нејзина почва со цел да се обвини Русија за тој напад.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нови чистки во Кремљ: Падна еден од најбогатите соработници на Путин

Украина и западните земји го гледаат како закана од Русија, за која постои сомневање дека може сама да ја искористи „валканата бомба“ под тој изговор.

Така, тоа би ја оправдало натамошната воена тензија со употреба на одмазднички тактики со нуклеарно оружје, оценија министрите.

Радиолошка бомба или „валкана бомба“ се состои од конвенционален експлозив опкружен со радиоактивни материјали кои се шират во моментот на експлозијата.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.