Утрово Русија изврши голем напад врз украинските енергетски капацитети, изјави украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко.
Loading...
Компанијата Укриненерго на Фејсбук објави дека поради силниот руски ракетен напад врз енергетските капацитети, зголемен е обемот на мерките за ограничување на потрошувачката на електрична енергија.
Прогласена е воздушна тревога низ целата земја, а украинските воздухопловни сили издадоа предупредување дека Русија лансирала проектили за време на нападот, пренесува Укринформ.
Русија утрово лансираше голем број ракети и го подигна МиГ 31К од воздухопловната база Саваслејка во регионот Нижни Новгород, пишува украинскиот портал.