Русија и Кина имаат далекусежни планови за развој на соработката

Сподели со своите пријатели

Русија и Кина имаат далекусежни планови за развој на билатералната соработка, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во разговор со неговиот кинески колега Чин Ганг на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на Г-20 во Њу Делхи.

Loading...

Лавров ѝ честиташе на Кина за назначувањето за министер за надворешни работи, изразувајќи уверување дека ќе обезбеди континуитет и постепен напредок во сите области на соработка, вклучително и трговијата, економијата и културата, пренесе ТАС С.

Лавров посочи дека Русија и Кина имаат напорна надворешнополитичка агенда, имајќи ја предвид улогата што двете земји ја играат како стабилизирачки фактор во системот на меѓународните односи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Борел: Војната на Русија против Украина е егзистенцијална закана за Европа

– Благодарение на стратешката улога на лидерите на Кина и Русија, односите меѓу двете земји претставуваат позитивен пример за односите меѓу големите сили, рече Чин.

Според него, Русија и Кина постигнале широк консензус за голем број прашања за време на посетата на Москва на крајот на февруари на директорот на Канцеларијата за надворешни работи на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, Ванг Џиа.

Ванг Ји ја посети Русија од 21 до 22 февруари, каде што се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, секретарот на Советот за безбедност Николај Патрушев, како и со Лавров, јави Танјуг.

Се очекува на денешниот состанок на министрите за надворешни работи на Г-20 да се разговара за војната во Украина, безбедноста на храната и енергијата, соработката во областа на одржливиот развој, борбата против тероризмот, како и хуманитарна и друга помош во случај на природни катастрофи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Рускиот воен суд осуди маж на 14 години затвор за соработка со Украина