Русија евакуираше 300 луѓе од Херсон поради поплави

Сподели со своите пријатели

Русија евакуираше повеќе од 300 луѓе, вклучително и 70 деца, од областите погодени од поплавите на украинската област Херсон, контролирана од Москва во изминатиот ден, по уривањето на хидроелектричната брана Каховка претходно оваа недела, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.

Loading...

Според соопштението, екипа од 50 лица и 18 парчиња опрема, меѓу кои и 10 чамци, е испратена на местото на настанот од јужната регионална единица за вонредни ситуации на министерството, пренесува ТАСС.

Прорускиот гувернер на областа Херсон, Владимир Салдо, во средата објави дека повеќе од 4.000 луѓе веќе се евакуирани од погодената област.

Руските и украинските власти меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на браната, што доведе до поплави кои раселија илјадници луѓе и оставија стотици илјади без нормален пристап до вода за пиење.

Киев тврди дека руските сили извршиле воено злосторство и одвнатре ја разнеле хидроелектричната брана Каховка, која Москва ја стави под своја контрола на почетокот на нападот врз Украина.

Според Кремљ, на 6 јуни, украинските сили извршиле напад врз хидроцентралата Каховка, најверојатно со повеќецевни ракетен систем Олха.

Гранатирањето ги уништило хидрауличните вентили на браната на ХЕ, што предизвикало неконтролирано испуштање вода.

Во Нова Каховка, која е под контрола на Москва, нивото на водата во еден момент надмина 12 метри, но сега се повлекува, пренесува ТАСС.

Loading...

Според руските власти, во зоната на поплава во моментов има 35 населени места, а жителите на околните градови и села се евакуираат.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.