Русија: Електраната Запорожје нормално испорачува струја

Сподели со своите пријатели

Претставници на администрацијата во градот Енергодар, кој е под руска контрола, денеска објавија дека струјата од нуклеарната централа Запорожје вообичаено се испорачува во Украина.

Loading...

Украинската државна компанија за атомска енергија Енергоатом, сепак, во четвртокот соопшти дека шест од реакторите на централата биле исклучени од електричната мрежа на земјата.

– Електраната Запорожје работи нормално, нема никакви дефекти, најави шефот на управата на Енергодар Александар Волга, пренесува РИА Новости.

Тој изјави дека во четвртокот попладне дошло до прекин на електричната енергија во регионите Запорожје и Херсон.

Според него, причината е краток спој во мрежата по гранатирањето на украинските војници и пожарот во градот Енергодар, поради што работеле безбедносните системи во нуклеарната централа Запорожје и биле исклучени два блока од мрежата.

„Немаше целосно исклучување на нуклеарната централа Запорожје, како што вели Зеленски. Имаше вонредна ситуација што беше спречена со автоматски заштитни уреди на територијата на нуклеарната централа“, додаде Волга.

Потрошувачите беа повторно приклучени, неколку часа подоцна беше вратено напојувањето во Запорожје и Херсон, изјавил рускиот претставник, пренесува РИА Новости.

Украинската државна компанија за атомска енергија Енергоатом во четвртокот објави дека шест реактори на централата се исклучени од електричната мрежа на земјата.

Loading...

Електраната се наоѓа блиску до линиите на фронтот и беше под постојан оган во последните недели, што ги зголеми стравувањата од нуклеарна катастрофа.

И Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на објектот.

Рогов: Електрична енергија од Запорожје за областите под руска контрола

Ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје е под контрола, произведената електрична енергија се испорачува на териториите на регионите Запорожје и Херсон, кои се под руска контрола, изјави Владимир Рогов, член на проруската регионална администрација, како што пренесува агенцијата РИА Новости.

Претходно руските власти соопштија дека украинската страна го прекинала последниот, четврти далновод од нуклеарната централа Запорожје до Украина, па таму нема можност за снабдување со електрична енергија.

„Ситуацијата во нуклеарната централа е под контрола, се произведува струја, се испорачува директно до ослободените територии на регионите Запорожје и Херсон“, изјави Рогов за ТВ „Русија 1“.

Украинската државна компанија за нуклеарна енергија Енергоатом во четвртокот соопшти дека шест од реакторите на централата се исклучени од националната мрежа на земјата, а претседателот Володимир Зеленски го обвини руското гранатирање, објави Ројтерс.

Нуклеарната централа во Запорожје, најголемата во Европа, беше заземена од руските сили во март.

Оваа локација е во близина на линијата на фронтот и неколкупати беше на удар во последните недели. И Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на објектот.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.