Руска рафинерија за нафта беше погодена од дронови во украински напад! Избувна пожар (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта на 9 септември, украински дронови погодија нафтен терминал во рускиот град Новоросијск на брегот на Црното Море, објавија руските независни медиуми и канали кои ги следат воените настани, објави Киев Индепендент.

Според независниот руски канал Астра, по ударот врз терминалот избувнал пожар.

Според истиот извор, во нападот е оштетена и станбена зграда.

Доказ за ова се снимките од сведоци кои се шират на социјалните мрежи.

 

 

Градоначалникот на Новоросијск, Андреј Кравченко, потврди дека градот бил цел на напад од украински дронови во текот на ноќта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Си и Путин му честитаа на Ким, пораки за годишнината пристигнаа од неколку земји

Тој рече дека остатоците од соборениот дрон паднале на „областа на компанијата“ и во близина на станбената зграда, но не ги прецизираше локациите.

Во последните месеци, Украина редовно извршува напади со дронови врз цели длабоко на руска територија и во области под руска окупација.

Со вакви напади, Киев се стреми да ја ослабне воената и енергетската инфраструктура на Русија и да ја намали способноста на Москва да ја продолжи војната.

Украина ги таргетира рафинериите, Русија ги таргетира цивилните објекти

Само еден ден претходно, во текот на ноќта на 8 септември, украински беспилотни летала наводно погодиле рафинерија за нафта во Саратов.

Видеата објавени од локалните жители на социјалните мрежи беа анализирани од канали и групи кои ги следат воените настани.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руски државјанин приведен во Романија: Осомничен за подготовка на саботажа по налог на Русија

На 7 септември, украинскиот Генералштаб објави дека ноќните напади биле извршени врз железничкиот мост над Северниот Кримски канал во рускиот окупиран дел од Крим, во близина на селото Владиславвка, каде што се наоѓа важна железничка раскрсница.

Во исто време, Русија ги продолжува нападите врз украинските градови и цивилни цели. Најмалку пет лица беа убиени, а 35 повредени во голем ракетен и беспилотен напад врз Киев во текот на ноќта на 8 септември.

Руските напади предизвикаа големи пожари, а чад се издигна над делови од украинскиот главен град во утринските часови.