Русија добила барања од Полска и Германија за купување нафта за 2023 година

Сподели со своите пријатели

Директорот на руската државна нафтена компанија Транснефт Николај Токарев изјави дека компанијата добила барања од Полска и Германија за купување нафта за 2023 година.

Loading...

„Тие рекоа дека од 1 јануари нема да купуваат нафта од Русија, а сега добивме барања од полски компании за набавка на три милиони метрички тони следната година. И Германија испрати барање за првиот квартал наредната година, Токарев изјави за ТВ Русија 24, пренесува ТАСС.

Податоците презентирани од директорот на Транснефт се во спротивност со индициите дека Полска имала намера да се откаже од договорот за купување руска сурова нафта, наведува Ројтерс.

ЕУ претходно одлучи да престане да купува руска нафта преку поморски патишта од 5 декември, при што западните земји исто така воведоа ограничувања на цената на руската сурова нафта, но нафтоводот Дружба преку кој Полска увезуваше руска нафта беше изземен од санкции.