Романија и Бугарија постигнаа договор со Австрија за делумно пристапување во Шенген

Сподели со своите пријатели

Романија и Бугарија постигнаа договор со Австрија за делумно пристапување во Шенген зоната во март 2024 година, во поморската и воздушната гранична зона, соопшти романската влада.

Loading...

„После 13 години Романија конечно ќе се приклучи на Шенген! Имаме политички договор за ова“, напиша романскиот премиер Марсел Чолаку на Фејсбук.

Романското Министерство за внатрешни работи соопшти дека е склучен „политички договор“ меѓу трите земји за проширување на зоната „до романската и бугарската воздушна и поморска граница“ од март 2024 година.

Прашањето за отворање на копнените граници беше одложено за дискусија следната година.

Австрија, која пред една година стави вето на влезот на двете земји во Шенген, на почетокот на декември ја изнесе идејата за ублажување на правилата за воздушниот сообраќај за Бугарија и Романија, доколку Брисел ги зајакне надворешните граници на ЕУ.