Рекордни температури во неколку кинески градови

Сподели со своите пријатели

Во десетици големи кинески градови, температурите достигнаа рекордни сезонски максимум оваа недела, а во Вухан и Женгжу беа за 10 степени Целзиусови повисоки од нормалните за почетокот на март, според официјалните метеоролошки податоци.

Вухан, лоциран во средниот тек на реката Јангце, во понеделникот регистрираше температура од 26 степени cелзиусови, 12 степени повисока од долгорочниот просек на почетокот на март, додека Пекинг и околните градови исто така достигнаа 22-25 степени cелзиусови порано.

Кина минатата година доживеа екстремни горештини со месеци, при што 267 метеоролошки станици забележаа рекордни температури од над 40 степени за време на 70-дневната летна суша што го погоди целиот слив на реката Јангце, предизвикувајќи пожари и штета на посевите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Историска пресуда“: МЕТА осудена за измама на потрошувачите, мора да плати 375 милиони долари

Националната метеоролошка служба веќе предупреди дека Кина се соочува со уште една година на екстремни временски услови како резултат на глобалните климатски промени.

Кинеските метеоролошки власти минатата недела објавија дека просечните температури за цел февруари биле 1,6 степени cелзиусови над нормалата, со просечни врнежи за 3,9 отсто под просекот, пренесува Танјуг.

Промената на временските услови, исто така, значи дека пролетта пристигнува порано во многу региони јужно од реката Јангце, во некои случаи и до 20 дена порано од вообичаеното, велат метеоролозите.