Речиси стотина загинати и стотици ранети во Нагорно-Карабах

Сподели со своите пријатели

Поранешен висок функционер на администрацијата на етничките Ерменци во Нагорно-Карабах во средата рече дека речиси 100 луѓе се убиени, а стотици други се ранети во отцепениот регион откако Азербејџан започна, како што рече, „голема војна“.

Loading...

– Ова е голема војна. Азербејџан започна целосна операција – изјави за Ројтерс од Карабах Рубен Варданјан, поранешен шеф на владата на отцепениот регион.

Тој рече дека азербејџанските сили ја продолжиле воената операција во текот на ноќта и во средата.

– Стотици луѓе се веќе ранети, а речиси стотина од нив се убиени – изјави Варданјан.

– Тие во основа ни велат дека треба да заминеме и да не останеме овде, или да прифатиме дека ова е дел од Азербејџан – ова е во основа типична операција за етничко чистење и војна во која сега се убиени многу цивили – рече тој.

Азербејџан ги отфрла обвинувањата дека неговата цел е етничко чистење на Карабах и вели дека ќе ги заштити правата на етничките ерменски цивили во областа во согласност со сопствениот устав.

Сепак, се вели дека тој е решен да ги отстрани политичките и воените структури на отцепениот регион.

Варданјан, сепак, рече дека светот ја игнорира судбината на Карабах.

Loading...

– Русија молчи и Русија во основа ја игнорира целата оваа воена операција. Но, не само Русија молчи, туку и светот. Никој ништо не прави: сите го игнорираат ова, Русија молчи, но и Западот, можете да замислите што ќе се случи ако 120.000 луѓе одат во Ерменија? – праша Варданјан.

Во меѓувреме ерменските сепаратисти го положија оружјето и акцијата на Азербејџан е во прекин.