Добро зачинет компир со крцкава кора е идеален гарнир за секој ручек.
РЕЦЕПТ: Тесто за мини крофни со само две состојки!
Состојки:
– 800 гр компири
– 1 коцка супа
– 1 чешне лук
– 1 мала главица кромид
– сол и бибер и масло
Одлична идеја за лесен ручек: Печурки полнети со пилешко и спанаќ
Подготовка:
Излупете го компирот (ако е млад, само добро тријте го со чиста жица што ја користите за зеленчук). Исецкајте го кромидот и лукот многу ситно. Ставете компири и кромид во тавата и додадете вода само колку што е потребно за да го потопите зеленчукот.
Гответе над тивок оган околу 15 минути, а потоа исцедете ги компирите, а водата зачувајте ја.
РЕЦЕПТ: Вкусот на сезонскиот зеленчук – плескавици од тиквички
Зеленчукот ставете го во подмачкана тава или огноотпорен сад. Измерете околу 100 мл вода и во неа разматете ја коцката пилешка супа. Прелијте преку компирите и печете ги во рерната околу 40 минути на температура од 180 степени.
На здравје!