Одлична идеја за лесен ручек: Печурки полнети со пилешко и спанаќ

Сподели со своите пријатели

Ретки се оние кои не сакаат полнети печурки, а ние ви носиме одличен рецепт за вкусна пролетна варијанта на ова јадење.

Како се прави највкусното пире?

Loading...

Состојки

300 грама печурки (изберете поголеми печурки)

150 грама пилешко бело месо, исечено на мали коцки

70 грама рендано сирење

150 грама спанаќ

РЕЦЕПТ: Вкусот на сезонскиот зеленчук – плескавици од тиквички

Помала глава кромид, ситно сецкан

Сол и бибер по вкус

Loading...

Две лажици масло

Подготовка:

Измијте ги печурките, исушете ги и одделете ги капите. Секоја вдлабнете ја по малку со лажица. Ситно исечкајте ги стебленцата на кромидот, спанаќот и печурките, а потоа пржете во масло.

ВКУСНО И ЗДРАВО: Плескавици од брокули и компири

Додадете го пилешкото бело месо, ситно исечкано, сол и бибер по вкус, а потоа динстајте. Пополнете ги капите од печурките со меленото месо и наредете ги во тавата во која ставате хартија за печење.

Печете во рерна загреана на 180 степени околу 25 минути, но среде печење, посипете ги печурките со рендано сирење, а потоа вратете ги во рерната за да направат „кора“ од сирење.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *