Последната во серијата разорни бури, кои се одговорни за најмалку 12 смртни случаи, ја погодија Калифорнија во понеделникот, принудувајќи евакуација на околу 25.000 луѓе, вклучувајќи го и целиот град Монтесито и блиските крајбрежни области на Санта Барбара, поради зголемениот ризик на поплави и лизгање на земјиштето, пренесува Ројтерс.
Шерифот на округот Санта Барбара, Бил Браун, рече дека наредбата за евакуација „се заснова на постојано високи врнежи, без индикации дека ќе се промени пред вечерта“.
Шефот на пожарникарите во Монтесито, Кевин Тејлор, изјави дека за само 12 часа паднале најмалку 8 инчи дожд, што е значително повеќе од очекуваното.
Речиси 9.000 жители на Монтесито, од кои многумина поседуваат раскошни вили во живописниот град, вклучуваат познати личности како водителката Опра Винфри и британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган, но не е познато дали тие се меѓу евакуираните, според Ројтерс.
По должината на брегот, издадени се наредби за евакуација на околу 32.000 луѓе во округот Санта Круз поради надојдените реки и потоци. Голем дел од Калифорнија е погоден од серија силно невреме со многу силен дожд, силен ветер и налети.
Американскиот претседател Џозеф Бајден го одобри прогласувањето на вонредна состојба во Калифорнија по невремето во кое загинаа најмалку 12 лица во изминатите 10 дена, а стотици илјади домови и бизниси оставија без струја.