Рускиот претседател Владимир Путин одржа говор на Источниот економски форум што се одржува во Владивосток.
Путин зборуваше за санкциите на Западот против Русија, извозот на украинското жито и како што тврди самодоволноста на Русија.
„Санкциите против Русија се закана за целиот свет“
„Невозможно е да се изолира Русија, само погледнете ја мапата на светот. Русија е веројатно единствената земја во светот која може целосно да се снабди со природни ресурси“, рече Путин, мислејќи на глобалната криза со храна.
„Поради политиката на западните земји, кризата со храна се зголемува. Тоа може да доведе до хуманитарна катастрофа без преседан“, рече рускиот претседател, додавајќи дека Западот е одговорен за глобалното зголемување на цените на храната, кој купува залихи на храна и на тој начин го „провоцира“ растот на цените.
„Тоа може да се претвори во трагедија за најсиромашните земји“, рече Путин, додавајќи дека „санкциите против Русија се закана за целиот свет“.
„Русија успешно се справува со финансиската, технолошката и економската агресија на Западот“, рече Путин и изјави дека размислува за ограничување на извозот на жито од Украина, додавајќи дека за тоа ќе разговара со турскиот претседател Ердоган.
„Русија не го започна конфликтот во Украина“
„Русија не го започна конфликтот во Украина, туку се обидува да го прекине. Конфликтите во Украина траат од 2014 година“, рече Путин.
„Поради специјалната операција во Украина, Русија ништо не изгуби и нема да изгуби, туку го зајакна својот суверенитет“, рече рускиот претседател.
„Постои одредена поларизација во Русија и во светот поради специјалната операција во Украина, но тоа е само корисно бидејќи се што е непотребно ќе биде отфрлено“, рече Путин.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.