Протести во Молдавија: Се бара оставка на владата поради поскапувањата

Сподели со своите пријатели

Неколку илјади луѓе протестираа во главниот град на Молдавија, Кишињев, барајќи оставка од владата на земјата поради поскапувањето на природниот гас и инфлацијата.

Loading...

Репортерот на Ројтерс јавува дека илјадници луѓе протестирале пред официјалната претседателска резиденција во центарот на Кишињев, извикувајќи слогани против владата и молдавската претседателка Маја Санду, пренесува Танјуг.

Санду постојано ги осудува постапките на Москва во Украина и се залага за членство во Европската унија.

Нејзините критичари ја обвинуваат дека требало да преговара за подобар договор за гас со Русија, главниот снабдувач на таа енергија во Молдавија, според Ројтерс.

Малата источноевропска нација, сместена меѓу Украина и Романија, забележа пораст на политичките тензии во последните месеци бидејќи цените на бензинот продолжија да растат од почетокот на војната во Украина, додава британската агенција.

Во петокот, молдавскиот регулатор за гас ги зголеми цените за 27 отсто за населението, според Ројтерс.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.