Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи и Национален координатор за борба против трговијата со луѓе и илегална миграција, г. Сашо Петрушевски денеска (13.10.2026) одржа средба со специјалната претставничка на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики (ИЦМПД) за Западен Балкан г-ѓа Мелита Груевска Грахам, во рамки на соработката за спроведување на регионалниот проект „Правична работа и безбедни законски патишта: Зајакнување на управувањето со миграцијата на работна сила во Западен Балкан – ФерПат“.
Проектот, поддржан од Владата на Кралството Холандија и координиран од Канцеларијата на ИЦМПД во Виена, има за цел да придонесе кон зајакнување на националната координација во насока на подобрување на меѓуинституционалната координација и продлабочување на соработката меѓу надлежните институции.
Министерството за внатрешни работи ја препознава важноста на регионалната соработка и координираниот институционален пристап во справувањето со предизвиците поврзани со миграцијата, како и во развојот на ефикасни механизми за управување со миграциските процеси.
Активностите во рамки на проектот ќе се спроведуваат до декември 2027 година, со очекување дека ќе придонесат кон поефикасна координација, развој на интегрирани механизми за управување со миграцијата и унапредување на квалитетот на услугите што ги обезбедуваат надлежните институции.
Интегрално соопштение

