Отсекот за превенција при СВР Куманово организираше литературен конкурс по повод празникот 11 Октомври, на тема „Мојот град слави“, на кој учествуваа ученици од основните и средните училишта во Куманово, од македонските и албанските паралелки.
Комисијата ги избра најдобрите творби во категоријата основни училишта, како и трите најуспешни во категоријата средни училишта.

Второто место во категоријата средни училишта ѝ припадна на ученичката Герта Хебиби од СОУ „Наце Буѓони“, која со својата творба доби позитивни коментари и пофалби.
Началничката на Отсекот за превенција, м-р Лиле Младеновска, упати благодарност до сите учесници, директорите на училиштата, менторите и родителите за поддршката и соработката.

Таа истакна дека особено радува заедничката работа со децата и реализацијата на активности во училиштата, кои придонесуваат за дружење, соживот и градење позитивни односи меѓу младите.
Според Младеновска, ваквите настани се пример за успешна соработка меѓу институциите, училиштата и семејствата, а нивното прифаќање од страна на децата и родителите претставува дополнителен поттик за организирање слични активности.

Од СВР Куманово упатија честитки до Герта Хебиби за освоеното второ место на литературниот конкурс.






Никола Ивановски

