Четворица млади кумановци, меѓу кои и еден малолетник, биле приведени под сомнение дека ја извршиле кражбата на маси и столови од угостителски објект во Куманово.
– На 04.06.2026 во периодот од 11:00 до 13:00 часот во СВР Куманово, полициски службеници извршија службен разговор со Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишник, сите од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тие се сомничат дека, со употреба на сила влегле во угостителски објект на улица „Гоце Делчев“ во Куманово и одзеле поголем број маси и столови.
– Е.Љ.(22), В.Б.(19), Љ.А.(23) и 17-годишникот во разговорот го признале делото, велат од СВР Куманово.
Одземеното, како што стои во соопштенето, било пронајдено и вратено на сопственикот и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

