Викенд прогноза за Куманово: Утре повторно дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Претежно во планинските региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степени.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и топло време.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 13 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 28 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 40-годишен кумановец кој физички ја нападнал сопругата

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо време со претежно сонце во првиот дел од денот, додека во попладневните часови се очекува нестабилност со дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 14 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 28 степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имаме претежно сончево и топло време со мала облачност.

Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на моменти ќе дистигнува брзина и до 40 километри на час.

Температурите ќе се движат во интервал од минимални 13 до максимални 28 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја денеска повеќе локации во Куманово

 

 

Слично време ќе имаме и во првата половина од следната работна недела, додека во втората ќе има услови за нестабилно време.

Никола Ивановски