Американските власти воведоа санкции против кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел и двајца членови на семејството Кастро, додека администрацијата на Трамп дополнително го зголемува притисокот врз островот со кој владеат комунистите, објави денеска британската агенција Ројтерс.
Американската администрација ја заостри блокадата на Куба од јануари, заканувајќи и се на секоја земја што испорачува нафта на Хавана со царини.
Во мај, властите на американскиот претседател Доналд Трамп го обвинија поранешниот кубански претседател Раул Кастро за неговата наводна вмешаност во соборувањето на два цивилни авиони во близина на брегот на Куба во 1996 година, при што загинаа четири лица.
Санкциите се насочени и кон сопругата на Мигел Дијаз-Канел, Лис Куеста Пераса и ентитети како што е Министерството за револуционерни вооружени сили.
Мигел Дијаз-Канел (66) ја извршува функцијата претседател на оваа карипска земја откако го наследи Раул Кастро, братот на поранешниот кубански лидер Фидел Кастро, во 2018 година.

