Авион падна на сред пат во Тенерифе (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мал авион се урна на сред пат на популарните Канарски острови веднаш по полетувањето.

Туристите во паника трчале по безбедност додека авионот летал право кон нив.

Авионската несреќа се случила во четвртокот попладне за време на обуката за летање на авијациската школа од јужниот дел на Тенерифе.

Пилотот се обидел принудно да слета, но авионот се урнал со голема брзина.

Според локалните медиуми, авионот се урнал пред теренот за голф удирајќи во столб и неколку палми.

Ударот сериозно го оштетил леталото, а делови од леталото биле расфрлани околу кружниот тек.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозивен викенд во Германија: Илјадници полицајци и 50.000 демонстранти поради конгресот на AfD

Туристите трчаа за своите животи

Фотографиите и видеата од местото на падот на авионот покажуваат дека му се откорнати крилата и оштетен носот.

Трупот е на средината на патот.

„Моравме да трчаме за да го избегнеме авионот кога удри во столб и некои дрвја, запирајќи пред да стигне до нас. Не сакам ни да замислам што ќе се случеше инаку“, изјави турист од Нортхемптон, Англија за шпанскиот весник „Канаријан викли“.

Двајца пилоти (на возраст од 20 и 50 години) успеале сами да избегаат од урнатините. Тие превентивно се префрлени во болница.

Чудо е што никој не е сериозно повреден. Сите учесници поминаа без повреди.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Оглас за работа во Русија ги „запали“ мрежите: Платата е 1.950 долари, а еве што бараат од кандидатите

Причината зошто авионот западнал во неволја не е јасна.

Истрагата за причините за несреќата е во тек.