Грчките возачи се меѓу најопасните во цела Европа по нивното однесување зад воланот, објави денеска „Катимерини“ повикувајќи се на најновите резултати од истражувањето за одговорно возење.
Клучните наоди покажуваат дека 66 отсто од грчките возачи ги користат своите телефони додека возат, 41 отсто возат многу уморни и 10 отсто возат под дејство на алкохол.
Сепак, како што е наведено, 97 отсто од нив позитивно го опишуваат своето однесување во возењето.
Кај возачите на возраст од 16 до 24 години, 48 отсто од нив возат без појас, а 16 отсто признаваат дека повремено возат под дејство на алкохол.
Анкетата ја спроведе Ипсос БВА, пишува грчкиот весник.
Грчкиот советник за безбедност во сообраќајот Никос Гренселос повика на подобро образование на возачите, велејќи дека семејствата мора да дадат пример за безбедно однесување и дека безбедноста во сообраќајот мора да се воведе како училишен предмет, пренесува Танјуг.

