Пронајдени доверливи документи во поранешните канцеларии на Бајден

Сподели со своите пријатели

Американското Министерство за правда ги истражува можните доверливи документи пронајдени во поранешните канцеларии на американскиот претседател Џозеф Бајден во институтот каде што работел во Вашингтон, соопшти Белата куќа.

Loading...

Специјалниот советник на претседателот Ричард Заубер рече дека „мал број доверливи документи“ биле откриени додека адвокатите на Бајден ги празнеле канцелариите на Центарот Пен Бајден.

Бајден имаше канцеларија во центарот од кога ја напушти потпретседателската функција во 2017 година до започнувањето на неговата претседателска кампања во 2019 година.

Документите беа пронајдени на 2 ноември 2022 година и предадени на Националната управа за архиви и евиденција.

Заубер рече дека адвокатите веднаш ја известиле канцеларијата на Белата куќа.