Скелет на древна „заспиена убавица“ стара две илјади години пронајден е во резервоар на хидроелектрана, на југот на Русија.
Руските археолози веруваат дека откриената, добро сочувана мумија, припаѓала на жена облечена во свилено здолниште за живот по смртта.
Конечно откриена тајната на вонземската мумија од Чиле (ВИДЕО)
Големиот пад на нивото на вода во гигантскиот резервоар висок преку 20 метри, на реката Јенсеј, на југот на Русија, го открил гробното место со скелетот, пишува Мирор.
– Долниот дел од телото е особено добро зачуван, рекла археологот Марина Килуновскаја од Институтот за историја на културни добра од Санкт Петербург.
Тоа не е класична мумија, во овој случај, погребана е цврсто до карпа, така да овозможена е природна мумификација.
Тим археолози, кој работел со денови, смета дека мумијата е сочувана и затоа што е потопена, во ерата на Советскиот сојуз во осумдесетите години.
Мумијата во „адидас патики“ и натаму крие многу тајни (видео)