Хектар нискостеблести растенија биле опожарени откако на патот во општина Ранковце се запалило товарно возило управувано од кумановец.
– На 23.06.2026 во 08:39 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Вражогрнце, општина Ранковце, настанал пожар во товарно возило „пежо партнер“ со кумановски регистарски ознаки во движење, управувано од Г.К.(69) од Куманово. од пожарот била зафтена сува трева и нискостеблести растенија на површина од околу еден хектар, а повредени лица, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Пожарот, како што додаваат од полицијата, бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Ранковце, а повредени лица нема.
Никола Ивановски

