Три пожари денеска во населбата Перо Чичо, причина човечки фактор

Сподели со своите пријатели

Три пожари денеска избувнале на влезот од населбата Перо Чичо кај улиците „Анѓа Ранковиќ“ и „Ѓуро Пуцар Стари“.

Како што информираат од Територијалната противпожарна единица во три наврати се гаснати слични пожари во непосредна близина еден до друг, поради што постои сомнеж дека се предизвикани од човечки фактор.

– Во населбата Перо Чичо, спроти маркетот „Туш“ и на улицата „Анѓа Ранковиќ“ интервениравме три пати што покажува дека пожарите најверојатно се направени од човечки фактор, затоа што локацијата од едниот пожар до другото место каде што гори е на само неколку метри, изјави Борис Станковски, командир на ТППЕ Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продолжува монтажата на системот за греење и вентилација во Спортската сала во Куманово (ФОТО)

Првата интервенција била во период од 10:00 до 11:05 часот, при што горела сува трева. На терен интервенирале тројца пожарникари со две противпожарни возила.

Втората интервенција била во период од 10:40 до 12:30 часот, каде исто така горела сува трева.

Третиот пожар кој избувнал на улицата „Анѓа Ранковиќ“ бил на запалени кабли и електричен столб. Таму пожарникарите интервенирале од 13:30 до 14:30 часот.

Командирот Станковски, вели дека секојдневно на истата локација има пожари затоа што се палат кабли од кои се вади бакар.

– Во последните две недели на оваа локација интервенираме скоро секој ден, како што е случајот денеска имаме интервенирано три пати, претходните денови еднаш до два пати имаме интервенирано во текот на еден ден. Пожарите се најверојатно предизвикани од човечки фактор и поради палење кабли за бакар, појаснува Станковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Голем интерес за мерката самовработување во Куманово: Грант до 10.000 евра за нов бизнис (ВИДЕО)

Поради интервенцијата дел од околните населбни денеска беа привремено и без електрична енергија.

Никола Ивановски