Промоција на стихозбирка ”Белег” од поетесата Силвана Бојковска

Loading...
Сподели со своите пријатели

Со почеток во 20 часот, во фоајето при Центарот за култура ”Трајко Прокопиев”, денес ќе биде промовирана стихозбирката: „Белег“ од поетесата Силвана Бојковска од Куманово.

Доколку сте од Куманово и сакате да се почувствувате „ептен кумановски“ или пак сте од друг град, а имате храброст на кратко да се видите себеси како кумановец, тогаш повелете на оваа промоција на која се’ ќе биде во кумановски дух и хумор, пишува во поканата за денешната промоција.

Интерпретатори на стихозбирката се актерите Горан и Кети Илиќ, додека промотори се м-р Наташа Пешевска и м-р Трајче Кацаров.

За музичкиот дел ќе се погрижи Александар Богдановски.