ПРОМЕНА НА ТАКТИКАТА: НАСА бара докази за вонземска технологија во вселената

Сподели со своите пријатели

Американската вселенска агенција НАСА започна нов начин на пребарување по вонземјани – сега тие бараат траги од технологија што не е од Земјата.

Loading...

Чудни уреди во вселената, како што се необични соларни панели, роеви сателити, мегаградби или хемикалии што не може да се направат со технологијата на Земјата, се траги преку кои НАСА сака да утврди постоење вонземјани, пишува Дејли Стар.

Мештани тврдат дека заробиле вонземјани, властите велат дека тоа биле „џуџиња“ (ВИДЕО)

Новата иницијатива на НАСА сака да ги открие таканаречените „техно-потписи“, односно научни докази за минатото и сегашната технологија што можат да потекнуваат од друга планета.

„Проектот за пребарување на вонземска интелигенција (СЕТИ) отсекогаш се соочувал со предизвикот каде да бара. Во која ѕвезда да се насочи телескопот за да бара сигнал. Сега знаеме каде да бараме. Имаме илјадници егзопланети, вклучувајќи ги и оние во зоната околу својата ѕвезда и во кои може да се формира животот. Играта се смени“, рече астрономот Адам Френк, професор на Универзитетот во Рочестер.

Истражување открива како би реагирало човештвото доколку пристигнат вонземјани

Експертите особено посочуваат на планетата Проксима Б, поранешна sвезда која сега е згасната, и која на своите карактеристики наликува на Земјата, но има две страни на кои постојано е ден или ноќ, пренесува Спутник.

„Ако цивилизацијата на таа планета сака да ја осветли или загрее ноќната страна, таа би можела да постави фотосензитивни ќелии на страната каде што е постојано ден и да пренесува електрична енергија таму каде што е ноќта“, рече д-р Ави Леб од универзитетот Харвард.

Loading...

Астрономите бараат повеќе пари: Подготвени сме за откривање вонземјани

 

https://youtu.be/sCgCf1RnDfQ

Leave a Reply