Продолжуваат протестите и блокадите на патиштата во Перу

Сподели со своите пријатели

Протестите и блокадите на патиштата продолжија во Перу, додека аеродромот што води до познатиот археолошки локалитет Мачу Пикчу беше затворен како мерка на претпазливост.

Loading...

Во судирите меѓу демонстрантите и полицијата од почетокот на кризата пред еден месец, загинаа 42 лица, а неколку стотици беа повредени.

Во четвртокот, неколку илјади демонстранти мирно шетаа низ центарот на Лима, на покана на различни општествени колективи, синдикати и левичарски партии.

Протести се одржаа во неколку градови низ Перу.

Демонстрантите бараат оставка од претседателката Дина Болуарте, распуштање на парламентот и итно одржување на избори, кои веќе се одложени за април 2024 година и првично беа закажани за 2026 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СЗО предупреди за ширење на птичји грип кај луѓето

Дина Болуарте, поранешен потпретседател, на 7 декември го замени Педро Кастиљо, кој беше соборен од претседателската функција и обвинет за бунт за обид за распуштање на парламентот.

Перу смени шест претседатели за шест години.

Дина Болуарте (60) е првата жена претседателка на Перу во модерната историја на земјата.

Loading...