Приведени возачи во Куманово, возеле под дејство на алкохол

Сподели со своите пријатели

Две лица биле приведени во текот на изминатите денови на подрачјето на Куманово поради возење под дејство на алкохол.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во првиот случај бил приведен возач од Скопје кој возел со 1,60 промили алкохол.

– На 01.05.2025 во 00.10 часот на магистралниот пат Куманово–Крива Паланка полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ѓ.(46) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал В.Ѓ. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,60 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, велат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Заврши реконструкцијата на „Кирил и Методиј“ во Агино Село (ФОТО)

Во вториот случај приведен е 44-годишен жител на Куманово кој возел со 1,58 промили алкохол.

– На 30.04.2025 во 22.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.Т.(44) од Куманово. При контрола во патниот сообраќај, полициски службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,58 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, велат од полицијата.

По целосно документирање на настаните, како што додаваат од МВР, ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Можен намален притисок на вода во Куманово, ќе се исклучи „бај-пасот“

Никола Ивановски