Четириесет и двегодишен кумановец бил приведен вчера по пријава дека физички го нападнал својот татко.
– На 02.09.2026 во 12:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.В.(42) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом во Куманово се однесувал агресивно и физички го нападнал неговиот татко, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

