Кумановка питачела со едномесечното бебе на Романовце, полицијата ја привела

Сподели со своите пријатели

Дваесет и тригодишна кумановка била приведена вчера попладне откако полицијата ја затекнала како питачи на наплатна станица Романовце со своето едномесечно бебе.

– На 02.09.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода Д.Р.(23) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на наплатна станица Романовце питачела со нејзиното едномесечно бебе, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, Д.Р. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 56-годишен кумановец, откако го нападнал својот син