По еден пожар вчера во Куманово, Старо Нагоричане и Липково

Сподели со своите пријатели

По еден пожар вчера имало во општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково, а горела претежно сува трева, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во населбата Карпош вчера горела сува трева, при што тројца пожарникари интервенирале во период од 15:45 до 16:15 часот.

На подрачјето на општина Липково, пожар имало во селото Виштица, каде исто така горела сува трева. Тројца пожарникари од ТППЕ Куманово интервенирале во период од 20:50 до 22:45 часот.

Пожар вчера имало и на територијата на општината Старо Нагоричане, поточно во маалото Барапци во селото Младо Нагоричане. Таму горела сува трева, дрвја и електрични столбови. Интервенирале двајца пожарникари на ТППЕ Старо Нагоричане од 13:45 до 15:35 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Денеска и утре без струја неколку локации во Куманово

Според информациите од утринава, нема активен пожар во кумановско.

Никола Ивановски