Денеска и утре без струја неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска и утре привремено ќе бидат без електрична енергија во одредени периоди, поради најавени прекини.

Како што информираат од Електродистрибуција, денеска во период од 07:45 до 14:45 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „11 Ноември“ и „Трајко Јовановски“.

Прекини денеска ќе има и во липковско, па така во период од 08:00 до 14:30 без напојување ќе остане селото Белановце.

Утре во период од 09:00 до 12:00 часот прекини во снабдувањето ќе има кај корисниците од улиците „Ѓорче Петров“ и „Бранко Радичевиќ“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 56-годишен кумановец, откако го нападнал својот син

Во период од 09:00 до 11:00 часот, утре без струја ќе остане и дел од населбата Ајдучка Чешма, поточно улиците „524“, „525“, „526“, како и дел од улицата „300“ (од бара до магистрала).

Никола Ивановски