Четириесетгодишен кумановец бил приведен вчеравечер по пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
– На 03.06.2026 во 19:25 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.М.(40) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16:00 часот во семејниот дом во Куманово физички ја нападнал неговата 37-годишна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Никола Ивановски

