Уапсен кумановец кој се заканувал на 68-годишната мајка

Сподели со своите пријатели

Четириесет и шестгодишен кумановец бил приведен по пријава дека бил агресивен и се заканувал на неговата мајка.

– На 03.06.2026 во 13:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода О.З.(46) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом се однесувал агресивно и упатувал закани кон неговата 68-годишна мајка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени двајца дрвокрадци во липковско