Пристигна новиот Мерцедес Ц – класа купе (видео)

Сподели со своите пријатели

Компанијата Мерцедес го претстави новиот сет службени фотографии и видео запис од новиот модел на Ц – класа Купе, при што беше направена и онлајн премиера на изведбата на Ц63 која ќе се одржи за два дена.

Loading...

Европската изведба на овој модел на пазарот ќе се појави во текот на декември. Во однос на својот претходник, новиот модел е за 10 см подолг, како и поширок за 4 см, а погонот е навистина шаренолик, иако веќе е виден кај останатите модели.

 Mercedes predstavio C klasu Coupe (VIDEO)

Така во понудата се најдоа шест различни мотори, четири бензински и два дизел мотори.

Почетокот на понуда на бензинци е Ц180 со 1.6 литри мотор кој развива до 156 КС. Степен погоре е моделот Ц200, со 2.0 литри мотор кој развива 184 КС. Во моделите Ц250 и Ц300 се наоѓа ист дволитарски мотор, но овие модели развиваат 211 односно 245 КС.

Кај дизел моделите, понудата се движи од модел Ц220 со 2.1 литрен мотор и 170 КС брзина, а се нуди и моделот Ц250 чиј погон со ист мотор развива 204 КС.