Груинард е мал остров одалечено само 1,1 километар од брегот на Шкотска, а на него за време на Втората светска војна, британската влада тестирала едно од најопасните биолошки оружја.
Британците на Груинард тестирале антракс, па со употреба на сила купиле остров од првобитните власници. Островот останал контаминиран цели десет години, се до 1986 година кога 280 тони формалдехид (мравска киселина) биле испуштени на островот за да се убијат сите спори.
За време на овие ужасни експерименти, британците дошле до откритие дека кога една бомба антракс била фрлена на град со големина на Лондон, зад себе би оставиле застрашувачки последици.
Груинард е прогласен за слободен од опасност во 1990 година, но се уште се смета за опасен – со оглед на тоа дека никој не знае олку навистина се долгорочни последиците од формалдехидот и дали антраксот некогаш ќе се врати.