Приходите од Суецкиот канал намалени за 40 отсто од почетокот на годината

Сподели со своите пријатели

Од почетокот на годината, египетските приходи од патарините преку Суецкиот канал се намалени за 40 отсто во споредба со истиот период во 2023 година, изјави шефот на управата на Суецкиот канал, Осама Раби.

Loading...

Според Ројтерс, ова е последица на нападите на јеменските Хути врз бродови во Црвеното Море, поради што големите бродски компании почнаа да ја избегнуваат таа рута.

Прометот на бродови е за 30 отсто помал во периодот од 1 до 11 јануари, во споредба со истиот период претходната година, од 777 на 544, рече Раби.

Суецкиот канал е клучен извор на странска валута што му е потребна на Египет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цената за регистрација на автомобилите ќе остане иста

Властите во Каиро се обидуваат да го зголемат тој приход во последните години, поради што каналот беше проширен во 2015 година.

Јеменските Хути со недели напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море за да ја поддржат палестинската милитантна група Хамас во нејзината борба против Израел.

Многу комерцијални превозници ги пренасочија бродовите на други рути.

Раби рече дека само бродовите кои морале веднаш да го започнат патувањето тргнале на рутата околу Кејп Добра Надеж, додека другите чекаат да се стабилизира ситуацијата.

Loading...

Безбедносните грижи на испраќачите не може да се надминат со намалени такси за премин или други стимулации што ги нуди Суецкиот канал, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Цената за регистрација на автомобилите ќе остане иста

„Повеќето стоки ќе се вратат (на маршрутата на Суецкиот канал) штом ова ќе заврши“, рече тој.