Пригожин објави снимка: Тврди дека на неа се Вагнеровци во Бахмут (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Основачот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, во четвртокот објави видео за кое тврди дека е снимено во центарот на Бахмут, каде во последните недели се случуваат интензивни борби.

Loading...

На видеото се гледа како група вооружени мажи мавтаат со знаме додека ги опкружуваат урнатините.

„Момците се шегуваат, снимаат домашно видео. Видеото е направено во Бахмут утрово, практично во центарот на градот“, напиша тој во описот на видеото.

Ројтерс го лоцираше видеото источно од Бахмут, на околу 2 километри од центарот на градот, но не можеше независно да го потврди датумот на снимање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сесија на Генералното собрание на ОН следната недела: 130 лидери ќе разговараат за Газа и Украина

На видеото се гледа како еден од војниците вее знаме на Вагнер, а тројца војници свират на инструменти, алудирајќи на неформалниот прекар на групата – музичари.

Украинските сили наводно ги држат своите позиции во Бахмут, но се под постојан напад на руските трупи кои ја бараат својата прва голема победа по повеќе од половина година.

 

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.