Изгоре викендица во кумановско Кутлибег

Сподели со своите пријатели

Викендица во кумановското село Кутлибег вчера била зафатена од пожар.

– На 27.10.2026 околу 12:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека во с.Кутлибег, кумановско, настанал пожар во викенд куќа, сопственост на Д.М.(79) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, повредени лица нема, а екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожарот.

Утринава од Регионалниот центар за управување со кризи информираа дека петмина пожарникари со две противпожарни возила интервенирале во селото, а дека гореле и сува трева и стрниште.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре седница на Советот на Општина Куманово: Меѓу точките збратимувања и градскиот превоз

Никола Ивановски